Градоначалничката на Арачиново, Миликије Рамадани-Халими преку Фејсбук остро реагираше на, како што рече, кражбата на пумпата за вода во селото Мојанце.
„Непознати сторители направија незамислива штета во селото Мојанце на местото каде се реализираше проектот за водоснабдување. Украдена е единствената пумпа за вода од бунарот број 2. По првата кражба минатиот месец кога беа ограбени 2 пумпи, ова е втора кражба. Сторителите на овие дејства за одредена сума пари им нанеле голема и невообичаена штета на граѓаните, семејствата, општеството и општината како целина, а исто така и на самите себе. Апелирам до сите да бидете свесни и да придонесете за развој и подобрување на социјалните услови и да не го уништувате општеството и иднината на идните генерации со вакви вандалски дела“, пишува Халими.
Халими вели дека е предизвикана голема штета, додека од полицијата бара да се најдат сторителите на грабежот.