Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со канадскиот амбасадор во Република Македонија, Џајлс Норман.
На средбата се разговараше за соработка меѓу Општина Аеродром и државата Канада како значаен партнер на нашата држава.
-Денеска остварив средба со канадскиот амбасадор во Република Македонија, Џајлс Норман. Амбасадорот Норман ми го пренесе канадското искуство во водењето на локалната самоуправа и општините со што добив важни препораки за успешно водење на општината. Канада е значаен партнер на нашата држава и затоа билатералните односи и понатаму активно ќе ги надградуваме, рече градоначалникот Муцунски.
Ова е прва средба на Муцунски со канадскиот амбасадор како градоначалник на Аеродром.