вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Градоначалникот Муцунски присуствуваше на Националниот молитвен појадок кој се одржа во Вашингтон, САД

Градоначалникот Муцунски присуствуваше на Националниот молитвен појадок кој се одржа во Вашингтон, САД

Во текот на мината недела градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски оствари работна посета на Соединетите Американски Држави во чии рамки тој присуствуваше на Националниот молитвен појадок и на средби со високи претставници на Стејт Департментот, ИРИ и Aмериканскиот Kонгрес.

Како дел од неколкудневната посета на Вашингтон, Муцунски беше поканет и присуствуваше на Националниот молитвен појадок, на кој освен присуството на голем број светски лидери, свое обраќањe имаа Претседателот на САД, Џо Бајден и Кралот на Јордан, Абдула II. Станува збор за настан кој на едно место ги собира меѓународните претставници од различни националности, вери и религии заедно со членовите на Американскиот Конгрес и претставниците на Администрацијата на САД.

Во рамки на средбите кои Муцунски ги оствари со високите претставници на Стејт Департментот, тој ги потенцираше одличните билатерални односи помеѓу нашата држава и САД кои неопходно е во иднина да продолжат да се надградуваат во духот на стратешкото партнерство помеѓу двете земји.

На средбите со конгресменот Бил Паскрел и директорот на Меѓународниот републикански институт Пол Мекарти тој ја истакна потребата од продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу двете држави, како во полето на безбедноста, така и во делот на заедничките програми, активности, но и во делот на меѓусебната поддршка за реализација на заеднички проекти и активности.

Овие средби и присуството на важни меѓународни форуми и настани се уште една потврда за потребата од активно учество и проактивна улога во претставувањето и презентирањето на македонските интереси, како и одржувањето на блиски врски со нашите партнери и пријатели од меѓународната заедница. Остварените средби во рамки на посетата на Соединетите Американски Држави ќе резултираат со продлабочување не меѓународната соработка и реализација на голем број локални и национални проекти.