Во чест на големиот Христијански празник, Воскресение христово Велигден, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски заедно со претседателот на Советот Дијана Илиевска во хуманитарна акција поделија 200 оброци храна на социјално загрозени семејства.
За акцијата градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
„Вредноста на христијанството се темели на хуманост и подадена рака за помош.
Во чест на најголемиот христијански празник Велигден денес поделивме 200 хуманитарни оброци на семејства од социјален ризик на територија на општина Гази Баба.
Среќен сум што со нашата денешна хуманитарна акција која ја реализиравме со општествено одговорна приватна компанија помогнавме на оние на кои им е потребна нашата помош.
Повикувам празникот да го поминеме во знак на хуманоста и да го користиме секој миг како можност да помогнеме некому“- напиша Стефковски.