понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Градот Скопје обезбедува поддршка за сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи

Градот Скопје обезбедува поддршка за сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи

Градот Скопје со поддршка се вклучува во спроведување на сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи што се реализира од Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ Скопје.

За активностите и динамиката на реализацијата, денеска разговараа градоначалничката Арсовска со претставници од здружението.

-Со реализацијата на овој проект се овозможува квалитетен третман за сензорна интеграција на децата со аутизам и АДХД од семејства во ризик и со ниски примања. Овој третман нуди можност да се подобри квалитетот на живеење на деца со аутизам и АДХД и создавање услови за нивна самостојност,  истакна Арсовска на средбата.

Спроведувањето на сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи на децата им овозможува индивидуална дизајнирана најсовремена терапија за сензорна интеграција со вклучен логопедски и дефектолошки третман.