сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Градот Скопје призна дека во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се руши

Градот Скопје призна дека во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се руши

Да не се крие неработникот Петре Шилегов позади соопштенијата на Град Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Криминалот кој што се прави во спортскиот центар „Борис Трајковски“ има име и презиме, а тоа е Петре Шилегов.

Од самото соопштение на Град Скопје јасно се гледа дека Градот Скопје ќе руши во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

За сите криминали во Градот Скопје ќе следи одговорност, подвлекуваат од партијата.