Граѓаните од Шуто Оризари на голема мака. Подрумите им се под вода откако на улицата „Диме Мечето“ се прелеа канализациската вода.
Жител кој живее на оваа улица, во изјава за КУРИР вели дека уличната канализација е стара и никој не води грижа за тоа што може да се случи со ваквото излевање.
Тој вели дека се поплавени 19 подруми што значи дека 19 семејства го имаат овој проблем.
Како што ни кажа, екипа на Водовод и канализација дошла на лице место по пријава од граѓаните, но откако направиле увид истакнале дека не е нивна работа.