понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Граѓаните реагираат: ГРЕШНО се обележани улиците во населба Лисиче (ФОТО)

Граѓаните реагираат: ГРЕШНО се обележани улиците во населба Лисиче (ФОТО)

Граѓаните од населба Лисиче реагираат дека грешно се обележани улиците, со погрешни знаци.

На следните фотографии ви ги претставуваме грешно обележаните улици во радиус на училиштето. Кај секоја фотографија е дадено објаснување.

-На оваа фотографија е улицата „Димитар Благоев” која што по секоја логика и правило е главна улица и по неа се движи автобусот 17-ка на ЈСП, но по новото обележување од “стручните лица” оваа улица станува споредна улица со знак стоп, велат граѓаните.

На оваа фотографија е улица „Ернест Телман” која што по секоја логика и правило е споредна улица, но сега по логиката на “стручните лица” е улица со предност пред улицата каде што поминува автобусот на ЈСП, се наведува во дописот.

На оваа фотографија е улица „Ернест Телман“ која што по секоја логика и правило е споредна улица, но сега по логиката на “стручните лица” е улица со предност пред улицата каде што поминува автобусот на ЈСП.