Граѓаните од населба Трнодол револтирани, вознемирени и нападнати. По вчерашниот скандал, тие се обратија за на јавноста да ги откријат деталите за Трнодол.
Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:
Со цел никогаш повеќе да не се повтори ваков примитивизам кој го креираше општина Карпош ви испраќаме точни информации околу случувањата на најавената презентација за предлог ДУП-отза нас. Трнодол, а која требаше да се оддржи на 17.12.2019 во Месната заедница Пецо Божиновски.
Ние како граѓани сме првенствено разочарани од Општина Карпош и градоначалникот Стефан Богоев, кој сака насилно да го донесе овој ДУП, па и по цена да падне крв.
Ќе ви презентираме само ФАКТИ околу случувањата при обидот за Јавна презентација и проблемите со овој скандалозен ДУП.
Атмосфера пред настанот:
Еден час пред презентацијата, веќе од 14:30, салата и дворот на месната заедница запчнува да се полни со сомнителни партиски типови со криминално досие од други делови на Градот и кои немаат никаква врска со ДУП-от.
Малку потоа доаѓа друга група патриски членови, кои ја запоседнуваат салата, а еден дел од сомнителните типови на партиското обезбедување се наоѓаат и пред вратата за да им забранат влегување на камерманите од телевизиските куќи.
Покрај забраната за влегување на камерманите и медиуми во салата беше забрането снимање и сликање од страна на граѓаните и опомена од партиските војници на СДСМ да не се снима – често со физичка закана.
Зошто? Одговорот сам се наметнува од настаните што следат.
Истовремено граѓаните од Трнодол се обидуваат да влезат во преполната сала, каде има само 36 седишта и присуство на преку 120 луѓе од КОИ ПОЛОВИНАТА МОРАА ДА БИДАТ НАДВОР ПОРАДИ ТОА ШТО НЕМАШЕ МЕСТО НИ ЗА СТОЕЊЕ.
Најкултурно беше побарано од организаторот неколку пати да им се овозможат достоинствени и нормални услови за презентација, и сите граѓани кои немаат никаква допирна точка со овој ДУП да ја напуштат салата и да се направат нормални услови за работи. Тогаш присутните обструктори започнаа да го одработуваат сценариото за кое и беа испратени. Одбиваа да заминат, имено презентацијата била јавна и тие имале право да присуствуваат. Засегнатите граѓани од Трнодол тогаш побараа да се спреми нова презентација во нормални услови, во поголема сала имајќи го во предвид присуството и на возрасни луѓе од населбата заинтересирани конечно да ги чујат причините за потребата за донесување на еден ваков криминален ДУП.
Велиме криминален од причина што со предлог ДУП-от, како и регулацискиот план на кој тој се темели, се направени еден куп законски прекршоци.
Нашата намера беше уште еднаш, сега во поширока форма од претходно, аргументирано и со документи да ги предочиме тие прекршувања и предочиме на почитување на законската регулатива.
Тоа ни беше оневозможено бидејќи „платениците“ на Градоначалникот започнаа со ситни закачки и заканувања и веќе беше јасно дека овде излагање тешко дека ќе има.
Впрочем и тоа им беше и намерата, воопшто да нема презентација, бидејќи на градоначалникот му беше јасно дека сиот прљав веш може да излезе на виделина.
На команда од надвор во салата влегува уште една група рекетари и го удира еден од нашите комшии, потпомогнат од своите соучесници.
Дека е удрен нашиот сосед, а не еден негов службеник, може да се потврди од записник од Ургентниот центар каде нашиот сосед беше прегледан.
За среќа кај граѓаните од Трнодол, кои беа во поголем број, превладеа разумот и рекетарите беа избуткани надвор од салата без да настане физичка пресметка за тие да почнат да трчаат и бегаат вон бараката знаејќи дека наскоро ќе дојде полиција. Притоа партиската војска му обездува кордон на лицето – тепач да избега.
Сега се поставуваат неколку прашања :
- Зошто повторно се свикува презентација во оваа иста сала, кога на обидот за презентација во месец август им беше предочено дака ваква мала сала за 40-тина луге, апсолутно не одговара, а тоа беше и една од причинте зошто истиот и не се оддржа?
- Што бараа партиските војници и рекетари и чии наредби слушаа ?
- Зошто беше забрането снимање и забрана за влез на камерманите од телевизиите, дали оваа презентација беше од јавен интерес или требаше нешто да се прикрие?
- Зошто Градоначалникот лично не се појави на презентацијата иако во август месец од него тоа беше побарано ?
- Зошто е забрането снимање на седниците на советот во општина Карпош , дали тоа е уште еден знак дека се што ќе се донесе во општината треба да остане во тајност и да нема докази за сите одлуки од страна на Општината?
- Зошто градоначалникот секогаш дава сам изјави и не е излезен на некоја дебата или јавна презентација на ДУП каде што има група на граѓани, дали тој би ја донел својата фамилија во мала тесна сала преполна со криминогени типови да бидат изложени на ризик по своите животи и здравје како што беа изложени граѓаните?
Индикативно е дека градоначалникот се служи со невистини и полувистини и пласирање на лажни документи сакајќи да не претстави како партиски изманипулирани насилници. На медиумите им приложува лажен документ, односно потпишаниот записник од состанокот инициран од нивна страна, прикажувајќи го како доказ за согласност. Тоа воопшто не е точно како што не е точно ни дека се направени било какви значајни промени во предлог ДУП-от а што би оделе во полза на граќаните на Трнодол.
Ако градоначалникот сака да биде транспарентен како што се прокламира, зошто не каже дека во месец октомври оваа година, трите спорни локации во продолжение на германската амбасада на кои треба да никнат шестокатници во подножјето на брдото и заштитниот појас, се продадени на фирми кои се добро познати по својот начин на работење во сите општини.
Уште повеќе во контекст на транспарентност, предлагаме на некоја од националните телевизии да се одржи дебата помеѓу Стефан Богоев , Преседателот на Советот на Оптина Карпош со двајца наши претставници и на која би ги предочиле секој сопствените факти околу вчерашниот настан и предлог ДУП-от со сите документи во видео реализација, па телевизиската публиката нека процени кој ја говори вистината.
Бидејќи во тврдењата дека нема да има нова населба, над населбата Трнодол, дека нема да се пресече патот кон улицата Козле, дека нема да се гради Јужна обиколница, дека нема да има сервисна улица низ самата населба итн. итн. ќе може да поверуваме ако и само ако истите се имплементирани во предлог ДУП-от. Вака изјавите се во стилот – „не верувај во тоа што гледаш туку во тоа што јас ти кажувам“.