вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Граѓаните во општина Илинден ќе плаќаат пониска цена за приклучок кон водоснабдителниот систем

Граѓаните во општина Илинден ќе плаќаат пониска цена за приклучок кон водоснабдителниот систем

Управниот одбор на ЈКП „Водовод” од општина Илинден на седница одржана на 23.02.2022 година донесе одлука за намалување на надоместокот за приклучување на физичките лица, односно домаќинствата на водоснабдителниот и канализацискиот систем и истата денеска беше изгласана од страна на Советот на Општина Илинден.

– Наместо досегашната цена од 29.500 ден. (односно 34.810 денари со вкалкулиран ДДВ) надоместокот за нов приклучок за физички лица со новата одлука ќе изнесува 5.000 денари (5.900 денари со вкалкулиран ДДВ). Општина Илинден и покрај пандемијата со Ковид 19, енергетската криза, како и зголемување на инфлацијата, работи во служба на граѓаните и ја олеснува достапноста за вода за пиење, информираат од кабинетот на градоначалникот Александар Георгиевски.