Граѓанската иницијатива против урбаното дивеење утре сабота на 27.02 во 12 часот ќе организира блокада на кружниот тек кај црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче Петров.
Блокадата се организира откако вчера на седницата на советот на општина Ѓорче Петров беше изгласан ДУПот С3 15. Од иницијативата потенцираат дека министерот Благој Бочварска не се согласил со нивното барање за средба.