Неработењето, јавашлукот, доведе кон неодговорно и бахато однесување на админастрацијата во Oпштина Kрпош. Оттуѓеноста од граѓаните под водство на Стефан Богоев доведе до незаинтересираност и умисленост кај дел од општинската администрација дека тие се над сите и наместо да им служат на граѓаните тие уѓиваат во својата раскалашеност. Врв на таа неодговорност е вчерашниот љубовен четријаголник кои за среќа немаше трагичен епилог, порачуваат од партијата ГРОМ.
-Вербалната расправија меѓу вработена во општина Карпош со сопругата на нејзиниот колега кулминираше со физичка пресмета меѓу сопругот на вработената во општината и нејзиниот колега. Пресметката меѓу општинскиот службеник и сопругот на неговата колешка заврши со повеќекратни убоди од нож во телото на несреќниот сопружник. Зачудува фактот каков ментален склоп треба да биде општинскиот службеник кој на работа доаѓал со ладно оружје како да сме во средниот век. За жал сторителот на ова тешко кривичнио дело (обид за убиство) е вработен другар на градоначалникот Стефан Богоев кој во моментов се одмара во Африка. Замислете за уморниот Стефан Богоев малку места има во европа па отиде да одмара во Африка. Од што се умори градоначалниче??? Од непримање на странки? Од собирање арач? од играње кантер страјк? или пак од дружбите со твоите раскалашени пајташи на златибор, халкидики, бсли или тајван? За жал градоначалникот Стефан Богоев е вистински пример на уморен градоначалник од неработрење и затоа на овие локални избори граѓаните на Карпош ќе го пратат во принудна пензија заради јавашлукот неодговорноста застојот и уназадувањето на општината, енормната корупција и рекетот кој го собира по фирмите заедно со неговите другари и во неповрат потрошените скоро 30 милиони евра за овие четири години, порачаа од партијата.