Љубовта кон Скопје и Македонија нè мотивираат да креираме и создаваме можности и дела. Секојдневно се соочуваме со предизвици кои бараат посветеност и одговорност, истакна Бојан Христовски, претседател на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.
„Визијата на скопјани ќе ја создаде иднината на Скопје.
Иницијативите на граѓаните бараат ажурност, исполнителност и брза реализација. За таа цел ја отвораме новата канцеларија на Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на ул. Македонија во центарот на Скопје.
Тоа ќе биде место каде што секојдневно ќе има отворени денови за граѓаните под мотото „Иницијативи за Скопје“. Ги очекуваме вашите идеи, директно и непосредно да бидат пренесени на нашите народни избрани претставници“ – посочи тој.