сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Хуманост и забава: Одржан традиционалниот „Back to School“ настан во општина Аеродром

Хуманост и забава: Одржан традиционалниот „Back to School“ настан во општина Аеродром

Општина Аеродром, традиционално и оваа година со двочасовен музички и забавен „Back to School“ настан организиран во соработка со ТЦ Капитол, го одбележа почетокот на новата учебна година. Настанот оваа година имаше и хуманитарен карактер, истиот беше организиран за поддршка на лекувањето на Лео.

Граѓаните синоќа имаа можност да ја проследат музичката програма, а масовното присуство е уште една потврда дека станува збор за настан со кој традиционално им се посакува успешен почеток на сите ученици од Аеродром и со кој ја покажуваме нашата хуманост на дело.

Градоначалникот Муцунски на социјалните мрежи упати благодарност до граѓаните за масовното присуство и за поддршката која сите заеднички ја даваме за лекувањето на Лео.

Хуманитарниот „Back to School“ настан беше отворен со настапот на детскиот хор „Поточиња“ и танцовото студио „Марбел“, по што следуваа настапите на популарните Теа, Лара, Пајак, Таско, Огнен и Некст Тајм.

-Модернизација на образовната инфраструктура и обезбедување на соодветни услови за реализација на наставата се важен приоритет на Општина Аеродром. Како и претходната, така и оваа година учениците подготвени тргнаа на училиште. Реконструкција на училиштата, субвенции за учениците од прво одделение, таблети за учениците од четврто одделение и нови униформи за сите ученици се само дел од мерките за унапредување на образованието кој општина Аеродром успешно ги реализира пред почетокот на новата школска година, велат од општината.