петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Иницијативата против дивеење во Ѓорче Петров се заканува со нови протести и блокади доколку советот не го разгледа нивното прашање

Иницијативата против дивеење во Ѓорче Петров се заканува со нови протести и блокади доколку советот не го разгледа нивното прашање

Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров најавува нов протест и блокади доколку нивното барање не биде ставено на дневен ред на седницата во општината.

-ПИСМО ОД ИНИЦИЈАТИВАТА ПРОТИВ УРБАНОТО ДИВЕЕЊЕ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ:
Драги сограѓани, на 16-ти септември поднесовме писмено барање до Градоначалникот на општина Ѓорче Петров и советот на општината за ревидирање на ДУП СЗ24 – Дексион каде што се предвидени блокови од згради од 17 ката и 58 метри.
Досега никој не не исконтактирал за ништо ниту пак сме повикани во органите на општината надлежни за ова да го изразиме нашиот револт и да дадеме идеја за подобрување на оваа ситуација.
Закажана е седница на советот, втора од моментот кога го предадовме нашето барање, а оваа точка повторно не е ставена на дневен ред со што јасно ни се стави дознаење дека нашиот проблем се игнорира и дека профитот е пред се !
Ние тоа нема да го дозволиме и ќе се бориме со сите сили против тоа и тоа на сите треба да им стане јасно.
И на Градоначалникот Aleksandar Naumoski и на сите вмешани.
Доколку до крајот на неделата не биде ставено нашето барање на точка на дневен ред на седницата на советот на општина Ѓорче Петров ќе излеземе на ПРОТЕСТ и ќе ја БЛОКИРАМЕ општината.
Едноставно УРБАНОТО дивеење мора да го запреме пред тоа да не проголта сите нас !, стои во нивниот пост на Фејсбук.

ПИСМО ОД ИНИЦИЈАТИВАТА ПРОТИВ УРБАНОТО ДИВЕЕЊЕ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ:

Драги сограѓани, на 16-ти септември поднесовме писмено…

Posted by Ѓорче Петров on Wednesday, October 7, 2020