Истече рокот кој вработените на Водовод и го дадоа на Арсовска да ги повика синдикатите на средба. Јасни во своите барања сакаат разрешување на актуелниот директор Марјанчо Митовски, кој на позицијата е само месец и половина, а беше назначен од градоначалничката на Град Скопје.
Обвинуваат дека откако е на директорската функција со закани и уцени раководи со ова јавно градско претпријатие.
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски пак, тврди дека Митовски го следат контроверзи па дури и дека одлежувал затворска казна за сериозни дела но ваквите обвинувања вчера ги демантираше в.д. директорот на Водовод и рече дека првиот синдикалец лаже за ваквите наводи.
Според Митовски, претседателот на ССМ Димовски е иритиран од загубата на привилегиите што неговата сопруга ги уживала како вработена во ова јавно претпријатие.