Од Град Скопје посочуваат дека од денеска, во правец од ТЦ Мавровка кон објектот на Влада ќе се вози по две сообраќајни летни, а градежни активности ќе се изведуваат на една сообраќајна лента во овој правец (досега беа затворени две, а сообраќајот се одвиваше по една лента).
Во другата насока, во правец од Центар кон ТЦ Мавровска, од денеска ќе се вози по една сообраќајна лента, додека две ќе бидат затворени и по нив ќе се изведуваат градежни работи.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваат сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.