Познато е дека настанува општ сообраќаен хаос во Скопје при првото паѓање на дожд. Овој пат, дождот предизвика огромен хаос на улица „Илинденска“ на самата раскрсница кај салонот за автомобили „Мида“.
Според фотографијата испратена до редакцијата на Курир, јасно може да се види дека огромен број на автомобили се заглавени на самата раскрсница и дека има колона од автомобили по улиците.
Неработењето на семафорите доведе дополнителен хаос во сообраќајот.