сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Изгаснат пожар на дива депонија на патот од Шуто Оризари према Визбегово

Изгаснат пожар на дива депонија на патот од Шуто Оризари према Визбегово

Пожар на дива депонија избувна вечерва на патот од скопската населба Шуто Оризари према Визбегово, но набрзо е изгаснат, информира за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Ѕвонко Томески.

Како што информира Томески, опожарени се бакарни кабли и поради тоа се шири таква непријатна миризба и чад.

На пожарот интевренирале две противпожарни возила со пет пожарникари, а моментно се работи на расчистување за да не се запали повторно.