петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Изградба на нова линија за фекална канализација во општина Илинден

Изградба на нова линија за фекална канализација во општина Илинден

Општина Илинден започна со изградба на нова линија на фекална канализација на улица 11, во должина од околу 200 метри. Новата канализациона линија ќе биде изведена со полиетелиенски цевки со димезија Ø 200 и со истата ќе бидат опфатени околу 10-тина домаќинства. Новоизградената фекална канализација на улица 11, ќе се поврзе на фекалната канализација од припадна површина ПП8 Илинден, соопшти општинската прес-служба.

Увид во работните активности направија градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Водовод” – Илинден, Ивица Трипуновски.

-Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина со што се овозможува подобрување на квалитетот на живеењето во општина Илинден. Вложувањата во комуналната инфраструктура е од стратешко значење за Општина Илинден, истакна градоначалникот Георгиевски.

Канализацискиот систем во Илинден припадна површина 8, е во должина од околу 4000 метри, и на истиот има можност да бидат опфатени околу 330 домаќинства од ова населено место, како и други јавни објекти.