недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Изградбата на новите улици во општина Ѓорче Петров се одвива со забрзана динамика

Изградбата на новите улици во општина Ѓорче Петров се одвива со забрзана динамика

Екипите на ЈП Улици и патишта денеска целосно ја асфалтираа улицата 46 во општина Ѓорче Петров во населеното место Кисела Јабука.

Градежните активности за асфалтирање на останатите локални улици во населените места Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор се одвиваат со забрзана динамика. Во овие пет населени места во општина Ѓорче Петров се гради нова патна ифраструктура со вкупна должина од околу 5 километри.

Станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани, односно за првпат се асфалтираат на барање на граѓаните да добијат улици и услови какви што заслужуваат.

Градот Скопје за оваа меѓуопштинска соработка одвојува 4 милиони денари.