Изминатово деноноќие екипите на зимската служба на Град Скопје интервенираа на градските сообраќајници, каде што фрлија 45 тони сол. Сите градски сообраќајни се чисти и проодни.
Интервенирано е на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот и критичните точки на градските сообраќајници.
И во текот на денешниот ден екипите на зимската служба будно ја следат состојбата на градските сообраќајници и ќе интервенираат според потребите согласно со условите на теренот.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.
Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Апелираме до сите стопански субјекти во градот и до сите граѓани, кога ќе падне снег, да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти.