петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Јаневски до советниците на Град Скопје: За што ги слушаме долгите образложенија кога предлагачот Арсовка не е тука?!

Јаневски до советниците на Град Скопје: За што ги слушаме долгите образложенија кога предлагачот Арсовка не е тука?!

Денес советникот од советничката група на Коалицијата, Филип Јаневски истакна дека во последните десет часа советниците седат на седницата поради долги образложенија, но градоначалничката на Град Скопје ја нема никаде. Градоначалничката воопшто не се грижи ниту дали нејзините програми ќе поминат на кои што таа е предлагач.

„Во последниве 10 часа седиме овде поради долги образложенија, што е во ред. Градоначалничката на Град Скопје не присуствува на седниците. Не и е гајле дали сопствените програми на кои е предлагач ќе поминат, дали има кворум за работа, не и е гајле за ништо. Седиме овде, a секторите даваат долги образложенија, уште малку „Војна и мир“ ќе ја прочитаат овде. Џабе е тоа кога градоначалничката не е тука. Програмиве не поминуваат. Не се усогласени со ребалансот што го изгласавме вчера. Џабе седиме овде. Голем дел од нас имаме работни обврски, не поминува ништо. Имаме по 20 минути образложенија. За што ги слушаме кога предлагачот не е тука?! Ова овде е невиден циркус! Извинете, мене ми е срам што го кажувам ова“, изјави Јаневски.

Јаневски запраша зошто советниците ги слушаат долгите образложенија кога предлагачот не е присутен на седниците. Тој дури нагласи дека се срами што го кажува тоа.