четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ЈАВЕН ОГЛАС: Финансиска поддршка од 9.000.000 денари за спортот во Гази Баба

ЈАВЕН ОГЛАС: Финансиска поддршка од 9.000.000 денари за спортот во Гази Баба

Силна финансиска поддршка од 9.000.000 денари за спортски клубови, спортски здруженија, спортисти и други правни лица од областа на спортот.

Градоначалникот на општината, Бобан Стефковски истакна дека објавен е Јавен оглас за прибирање на барања за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженија, спортисти, други правни лица од областа на спортот и спортски манифестации кои се одржуваат во Општина Гази Баба за 2023 година.

„Оваа година, општина Гази Баба од буџетот определи 9.000.000 денари за финансиска поддршка на спортски клубови и индивидуални спортисти од нашата територија.

Овој јавен оглас преставува силна поддршка за спортот во општината, но и мотив младите да се насочат кон здрав живот.

Ги повикувам сите спортски клубови и индивидуални спортисти да аплицираат на јавниот оглас за добивање на финансиска помош од општината“ – објави тој.

Јавниот повик погледнете го ТУКА