Град Скопје во дневните весници Слободен печат и Коха, како и на својата веб страница, објави јавен повик со кој продолжува со поддршката за развој и унапредување на младинскиот и средноучилишниот спорт со стипендирање на спортисти – средношколци кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето на град Скопје.
Со цел да се зголеми мотивираноста кај младите спортисти – средношколци да спортуваат, да продолжат и да останат понатаму во спортот, како и зголемување на опфатот на што повеќе ученици да се занимаваат со спорт и спортски активности, Градот Скопје ќе стипендира спортисти – средношколци кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето на град Скопје.
Врз основа на условите и критериумите утврдени со Правилникот за доделување стипендии на спортисти – средношколци ученици во средните училишта на подрачјето на град Скопје ќе се стипендираат спортисти, ученички и ученици од средните училишта на подрачјето на град Скопје, информираат од Град Скопје.
2. Општи услови и критериуми
Право на добивање на стипендија имаат:
а) Државјани на Република Северна Македонија;
б) Жител/ка на Скопје чие место на живеење е на подрачјето на град Скопје (се однесува на десетте скопски општини Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари);
в)Редовен или вонреден ученик/ученичка во средно училиште на подрачјето
на град Скопје;
г) Активен спортист/ка, член на спортски клуб регистриран на подрачјето
на град Скопје и регистриран во матичната националнита спортска
федерација на Република Северна Македонија;
д)Високи спортски постигнувања во екипни и индивидуални спортови во претходната 2021 година, и постигнувања во 2022 година сé до завршување на
Јавниот повик: освоени медали на светски, европски и балкански првенства во олимписки и неолимписки спортови, освојување на медали на светски и европски купови во олимписки спортови, освојување на домашно првенство или купот на Македонија, постигнување истакнати лични индивидуални резултати на репрезентативно ниво и поставување на државни рекорди на официјални натпревари.
Апликантите треба да ги исполнуваат целите, условите и критериумите што се дадени во прилог на Јавниот повик објавен на официјалната веб страница на Град Скопје www.skopje.gov.mk
Во постапката за доделување стипендии ќе влезат во изборот апликантите средношколци – спортистки и спортисти кои врз основа на критериумите ќе обезбедат најмалку 50 бодови, од вкупно 100 бодови.
Бодирањето на апликантите ќе го врши Комисија за спроведување постапка за стипендирање на спортисти – средношколци ученици во средните училишта на подрачјето на градот Скопје, жители на Скопје, за 2022 година, формирана од страна на Градоначалникот на Град Скопје.
Избраните стипендисти ќе добиваат секој од нив поединечно стипендија во вкупен нето износ од 24.000 (дваесетичетириилјади) денари за тековната 2022 година.
Финансиските средства наменети за стипендирање на спортисти – средношколци ученици во средните училишта на подрачјето на градот Скопје, жители на Скопје, за 2022 година, се обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2022 година.
Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на пополнета посебна пријава што може да се подигне во архивата на Градот Скопје (барака 16) или да се преземе од официјалната веб страница на Град Скопје www.skopje.gov.mk
Апликантите, покрај пријавата задолжително треба да ги достават и следните документи:
• копија од извод од матична книга на родени на апликантот;
• потврда од средното училиште каде апликантот е редовен или вонреден ученик
во учебната 2021/2022 година;
• копија од свидетелството за завршена учебна 2020/2021 година;
• потврда од клубот дека е член на истиот;
• потврда од матичната национална федерација дека е член репрезентативец во
својата генерација;
• апликантите да достават потврда од матичната национална федерација за постигнатите спортски резултати од 01.01.2021 година, сé до завршување на Јавниот повик во 2022 година.
Јавниот повик трае 11 календарски дена, од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање и на веб страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk
Јавниот повик се објавува на 07.06.2022 година и трае до 17.06.2022 година.
Апликациите треба да се достават до Град Скопје, преку пошта на адреса: Булевар ИЛИНДЕН бр.82 1000 Скопје, или во Архивата на Градот Скопје (барака 16), најдоцна до 17.06.2022 година до 15:00 часот, со назнака: за “ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СПОРТИСТИ – СРЕДНОШКОЛЦИ УЧЕНИЦИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАДОТ СКОПЈЕ, ЖИТЕЛИ НА СКОПЈЕ, ЗА 2022 ГОДИНА“.
Апликациите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, без означување на апликантот кој ја поднесува пријавата.
Неуредните пријави што не се доставени на начин како што се бара во горенаведниот текст, односно содржат нецелосни податоци и некомплетна документација, како и тие што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да се разгледуваат.
Дополнителни информации можат да се добијат на телефон 3297-238 и 3297-320.