вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред

Јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред

Од Јавното сообраќајно претпријатие –Скопје информираат дека денеска, на верскиот празник Рамазан Бајрам, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, a ќе има дежурни билетарници.

Од ЈСП додаваат дека денеска, од 7 до 14 часот, дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и во Ѓорче Петров.

Жичарницата на Средно Водно ќе функционира вообичаено во период од 10 до 20 часот.