вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ЈП „Водовод и канализација“ и Водовод – Будимпешта ќе ја интензивираат соработката

ЈП „Водовод и канализација“ и Водовод – Будимпешта ќе ја интензивираат соработката

Интензивирањето на соработката меѓу ЈП „Водовод и канализација“ и Градскиот водовод на Будимпешта во насока на подобрување на водоводниот систем во Скопје беше тема на разговор на денешната средба меѓу првиот човек на скопскиот водовод Душко Весковски и директорот за меѓународна соработка и развој на градскиот водовод на Будимпешта Тамаш Бенце.

Основна дејност на Водовод – Будимпешта, кој постои 150 години, е дистрибуција на вода за пиење и третирање на отпадните води и пречистителни станици.