По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет возен ред од вообичаениот, а изменето работно време ќе има и Жичарницата на Водно.
ВОЗЕН РЕД ВО ЈАВЕН ПРЕВОЗ
На 31 декември (вторник) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќат по делничен зимен возен ред.
Ноќните линии на 31 декември (вторник) према 1 јануари (среда) ќе сообраќаат по возен ред како во сабота према недела.
На 1 јануари (среда) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен зимен возен ред.
Од 2 јануари (четврток), поради зимскиот училиштен распуст, возниот ред ќе биде редуциран до завршување на распустот на учениците.
На 6 јануари (Бадник, понеделник) и 7 Јануари (Божиќ, вторник) автобусиите ќе сообраќаат по неделен зимен возен ред.
ВОЗЕН РЕД НА ЛИНИИТЕ 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно)
На 6 јануари (Бадник, понеделник) линија 25 ќе сообраќа по делничен зимен возен ред.
Линиите 25А и 25Б нема да сообраќаат.
На 7 јануари (Божиќ, вторник) сите три линии ќе возат по неделен зимен возен ред.
РАБОТНО ВРЕМЕ ЖИЧАРНИЦА
Жичарницата на Водно нема да работи на 31 декември (вторник), со оглед на тоа дека секој понеделник и последен вторник во месецот, се врши редовен сервис на објектот.
На 1 јануари (среда), Жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот, а отворена за посетители од 10 до 17 часот ќе биде на Бадник (6 Јануари, понеделник) и Божиќ (7 Јануари, вторник).
ДЕЖУРНИ БИЛЕТАРНИЦИ
На 1, 6 и 7 јануари дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и во Ѓорче Петров.
На 1 јануари сите три билетарници ќе работат од 10 до 18 часот.
На Бадник (6 јануари, понеделник) и Божиќ (7 јануари, вторник) билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот, а билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар од 7 до 19 часот.