ЈСП информира дека денеска, петок (19.02.2021 год) во период од 14 до 17 часот, поради најавениот протест и блокада на крстосницата на булевар „Александар Македонски“ со улица „Интернационални бригади“, возилата од линиите кои сообраќаат во посочениот реон ќе бидат пренасочени.
По изменета траса од вообичаената ќе возат:
Линија 2 во правец од Сарај кон Автокоманда ќе биде скратена до кружниот тек кај „Континентал“, а по истиот режим возилата ќе сообраќаат и во обратна насока.
Линиите 2А и 16 во правец од Сарај и Пржино, од Бит пазар ќе продолжуваат кон Чаир и по улица „Ферид Бајрам“ кон Железара до кружниот тек кај стадионот на Металург.
Во правец кон Сарај и Пржино, возилата ќе возат по истата траса, од постојката кај стадионот на Металург.
Линиите 13 и 42 во правец од Кисела Вода и Драчево од подвозникот кај кланица, ќе вртат лево кон Пивара, па од кај ЈСП до постојката кај Алкалоид.
Во правец кон Кисела Вода и Драчево, возилата ќе тргнуваат од кај Алкалоид.
Линиите 43 и 50 од Дом на печат и Клинички центар, после Работнички дом ќе возат по улица „Кеј 13 Ноември“ кон населба Јане Сандански, па по булеварите „Србија“ и „Киро Глигоров“ преку надвозникот во Автокоманда до крајните станици.
Во обратна насока, од улица „Јужноморавски бригади“ и Хиподром, преку надвозникот во Автокоманда, булеварите „Србија“, „Киро Глигоров“ и „Јане Сандански“ кон НБРСМ, па кон МАНУ, односно МНТ ќе продолжуваат по редовните траси.
Линиите 45, 52, 53, 54, 55, 55А, 55В, 62, 63, 65, 65Б, 66, 66А и 68 од Автокоманда Макпетрол ќе продолжуваат по надвозникот, преку булеварите „Киро Глигоров“, „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајните постојки на Транспортен центар.
Посожениот режим ќе важи и во обратна насока на сообраќање.