Јавното сообраќајно претпријатие денеска соопшти дека автобусите од јавниот превоз утре ќе возат по неделен возен ред поради државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Од ЈСП информираат дека од среда до недела поради саемските манифестации во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе бидат воведени две привремени линии. Станува збор за линијата 100 која ќе сообраќа од Ново Лисиче до СЦ „Борис Трајковски“ и линијата 200 од Дексион во Ѓорче Петров до СЦ „Борис Трајковски“.
Двете линии се воведуваат по барање на Скопски саем за полесен пристап на посетителите на саемите „Технома“, Меѓународниот саем за градежништво и Саемот за недвижности и инвестиции „Реалекспо“.