среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Каде завршува попустот кој треба да го има за ЈСП?

Каде завршува попустот кој треба да го има за ЈСП?

Во изминатите два дена постои сообраќајниот хаос во главниот град предизвикан од блокадите на автобусите на здруженијата „Слобода превоз“ и „Макекспрес“  кои ги блокираа крстосниците кај „Црвен крст“ и кај „Мавровка“, како и дел од „Илинденска“.

Протестот, како што нагласуваат превозниците, е поради повеќемесечен долг кон нив од страна на ЈСП, а за чие работење е надлежен Град Скопје, партијата ВМРО-ДПМНЕ имаше серија на прес-конференции во кои објавија информации околу тендер за набавка на нафта 14.500.000 литри, за кои како што рекоа од партијата доколку би имало попуст од 6 денари, којшто бил практика во досегашните набавки на ЈСП, тоа би биле 1.400.000 евра заштеда, а таа сега ја нема. Оваа набавка е од компанија на пратеник од власта.

Дополнително од партиската говорница се поставија неколку прашања за оваа ситуација меѓу кои и каде завршува попустот за ЈСП кој бил практика во минатите набавки на претпријатието? Оттука според нив произлегуваат и други прашања како што се:

Дали на тајната средба што ја призна Ковачевски, е договорен процентот на провизија кој треба да се исплати во приватни џебови и затоа нема вообичаен попуст каков што имало десетина години претходно?

Дали е точно дека попустот којшто ЈСП го договарал со набавувачот на нафта, попуст којшто сега го нема, наместо за пари за превозниците, оди во џебот на човек близок до Данела Арсовска, којшто во позадина управува со ЈСП?