Жителите на Кучково денеска одново излегоа на протест поради тоа што три месеци немаат вода за пиење.
Тие го блокираа патот кој води до селото и побараа од општината да го реши нивниот проблем. Велат дека ќе блокираат и протестираат додека не се реши горливото прашање кое се провлекува веќе три години.
Проблемот е настанат затоа што општина Ѓорче Петров не ги испалаќа услугите кон фирмата задолжена да црпи вода во водоводот.
Самостојниот водовод во селото Кучково чистата вода за пиење ја црпи од подземниот бунар кај манастирот „Свети Ѓорѓија“.
„Три години е утре, утре, утре и никако да дојде тоа утре. И до тие што се закануваат на народот да не излегува, да знаете не се заканува на кучковци, дојдете и видете еден ден без капка вода како е. Не бркате од општина како да сме стока, од џеб ќе ни ја вадите водата, е па ајде сега да видиме“ се истакнува по повод денешниот протест и додаваат:
„Кучково е темелот на Ѓорче, капка вода бараме! Градоначалник изгоревме за вода, како 19 век да е, кучковци молат за вода“!