На официјалната страна на јавни набавки објавен е оглас од страна на општина Карпош во кој општината планира да троши над 4,6 милиони денари за привемени вработувања.
Имено, во делот на предмет на договорот стои услуги за привремени вработувања на потребите на општина Карпош додека во делот на проценета вредност стои сумата 4.661.016 денари. Огласот е објавен на 05.02.2021 година.
Според експертите вработувањата кои ги прават општините се косат со изјавите на власта дека администрацијата е гломазна и дека има огромен број на вработени и треба одредени кратење во овој дел. Очигледно според нив е дека власта дава контрадикторни изјави и дека воопшто вработувањата не се кратат туку напротив се зголемуваат.
Познавачите велат дека симптоматични се огромниот број на огласи на вработувања од страна на институциите посебно поради фактот дека се проближуваат локални избори.
Инаку, власта ветуваше кратење на администрацијата но ништо од ова не се исполни.