На Кејот на Вардар, во близина на Алпинистичката карпа, општина Карпош постави нов парк за миленици. Станува збор за голема површина, соодветно заградена и опремена со урбана опрема.
На неформална средба градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев со граѓани – сопственици на кучиња размени мислења за одржувањето на паркот, подигнувањето на свеста кај сите граѓани за односот кон животните, а беше изразена подготвеност и за заедничко организирање настани на оваа локација.
На овој потег веќе е поставена фитнес зона, а целосниот изглед ќе се заокружи со изградбата на Адреналинскиот парк, проект подготвен од Секторот за развој при општина Карпош. (МИА)