четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Казнети 113 возачи во Скопје, 41 за брзо возење

Казнети 113 возачи во Скопје, 41 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 113 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, три санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возач почетник, 30 за непрописно паркирање…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.