недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Казнети 129 возачи во Скопје

Казнети 129 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непочитување на првенство на минување.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање на првенство на минување на пешаци…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.