петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Казнети 163 возачи во Скопје, санкционирани 53 мотоциклисти

Казнети 163 возачи во Скопје, санкционирани 53 мотоциклисти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкција, девет за возење без возачка дозвола, 53 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири за нерегистрирани возила.

Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас, 37 санкции за непрописно паркирани возила.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.