недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Казнети 201 возач во Скопје, 53 возеле под дејство за алкохол

Казнети 201 возач во Скопје, 53 возеле под дејство за алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 201 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 99 санкции, 53 за возење под дејство на алкохол, 23 за возење без возачка дозвола, осум за нерегистрирани возила.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.