вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Казнети 202 возачи во Скопје: 42 пијани, 12 возеле без дозвола од кои половина се возач почетник

Казнети 202 возачи во Скопје: 42 пијани, 12 возеле без дозвола од кои половина се возач почетник

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 90 санкции, 42 мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 12 мерки за возење без возачка дозвола, шест за возач почетник.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.