четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Казнети 206 возачи во Скопје за еден ден

Казнети 206 возачи во Скопје за еден ден

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 20 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 15 за возење без возачка дозвола.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, осум за возење под дејство на алкохол, пет за возач почетник, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, 28 санкции за непрописно паркирање.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.