понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Казнети 222 возачи во Скопје

Казнети 222 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 227 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 49 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за нерегистрирани возила…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.