Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 258 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 27 за возење без возачка дозвола, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 23 санкции за користење мобилен телефон, 25 за некористење сигурносен појас, 19 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири за недавање првенство на минување на пешаци, 45 санкции за непрописно паркирање.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.