Во текот на изминатиот ден (22.08.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 47 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од МВР информираат дека од сообраќај се исклучени 12 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 10 возила од кои едно возило бидејќи било технички неисправно и девет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради неправилно престројување, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и седум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 55 мандатни платни налози за непрописно паркирање.