вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Казни за 134 возачи во Скопје

Казни за 134 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 10 за возење без возачка дозвола, три за недавање првенство на минување на пешаци, четири за користење мобилен телефон, шест прекршоци што ги сториле возачи на велосипеди и моторцикли, 48 за непрописно паркирање.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.