четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Казни за 236 возачи во Скопје

Казни за 236 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 24 санкции за користење на мобилен телефон при возење, осум мерки за некористење на сигурносен појас….

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.