вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Казни за 329 возачи во Скопје

Казни за 329 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 329 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 81 санкција, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 22 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.

Изречени се 18 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила, 10 санкции за некористење сигурносен појас… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.