петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Казни за 83 возачи во Скопје

Казни за 83 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 83 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Изречени се две мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, две санкции за недавање предност на минување на пешаци…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишт, информира МВР.