вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Кисела Вода мириса на чад, гори во Пржино: Од Пожарна откриваат што се случува

Кисела Вода мириса на чад, гори во Пржино: Од Пожарна откриваат што се случува

Цела Кисела Вода мириса на чад, на запалено. Се гледа дим од Пржино.

КУРИР побара одговор што се случува од Ѕвонко Томевски, командирот на Пожарна.

Како што открива тој, пожарот е во напуштена барака во Пржино.

-Интервениравме со три возила и 10 пожарникари. Засега нема информација за причината за настанатиот пожар, открива тој.

Граѓани од Кисела Вода велат дека на повеќе делови од општината се чувствува непријатна миризба за чадот.