Четири дена Скопје се дави во ѓубре, а скопјани ја дишат смрдеата која доаѓа од преполните контејнери.
Градоначалничката Данела Арсовска која вчера собра сила и храброст да излезе на прес-конференција, а наместо да даде решение за ситуацијата, таа почна да се заканува и навредува.
За ситуацијата да биде уште по трагична, таа пред половина час на Фејсбук се пофали со фотографии од празни контејнери.
Веднаш по нејзината објава екипа на Курир излезе на терен, во централното градско подрачје и во општина Чаир со цел да ги провериме тврдењата на Арсвоска.
На терен затекнавме ситуација полоша од таа вчера. Преполни контејнери, а екипите кои Арсовска ги објавува на Фејсбук ги нема ни за лек.
Дали скопјани ги заслужуваат лагите на Арсовска?