среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Која е германската фирма која со ЖИКОЛ за 200 милиони евра ќе ја гради пречистителната станица на водите од Скопје

Која е германската фирма која со ЖИКОЛ за 200 милиони евра ќе ја гради пречистителната станица на водите од Скопје

Градела пречистителни станици во Будва и во Москва. Фирмата со седиште во Есен во Германија е избрана за изведувач на проектот на пречистителната станица на водите од Скопје. Во проектот како локален изведувач, Германците го избрале Жикол. Големиот проект од 200 милиони евра ги раздели Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ поради меѓусебни обвинувања за финансиски злоупотреби со скопскиот водовод.

По многу перипетии и контроверзи со проектот финансиран со европски пари, во седиштето на скопски Водовод е депониран договорот за изградба на пречистителната станица на скопските води.

Договорот во тајност е потпишан пред два дена, а според информации на Телма, за двесте милиони евра пречистителната станица кај Трубарево ќе ја гради германската фирма WTE Wassertechnik GmbH заедно со домашната компанија Жикол.

Тие на тендерот ја победиле турската фирма Кузу груп и доставиле покомплетна понуда. Поради овој тендер, во градската коалициона власт во Скопје, градоначалничката Данела Арсовска се разведе од партнерите од ВМРО-ДПМНЕ, при што ја обвини партијата и Мицкоски за ставање на рачиња во медот.

Но, иако таа зад кулоарите навиваше за турската Кузу, сепак изборот паднал на германската компанија која е многу поискусна во изградба на пречистителни станици за вода.

Повеќе проќитајте ТУКА